САД одобрија нов лек за слабеење кој досега се користеше за лекување на дијабетес

Американската Администрација за храна и лекови (ФДА) денеска одобри лек за слабеење од американската компанија Eli Lilly, овозможувајќи му да влезе на профитабилниот пазар што го освои ентузијазмот на Волстрит оваа година.

ФДА го одобри Tirzepatide за продажба под името Zepbound на возрасни со индекс на телесна маса (BMI) од најмалку 30 или 27 доколку пациентот има и друга медицинска состојба поврзана со тежината, како што е срцева болест.

Веќе се користеше како лек за дијабетес
„Дебелината и прекумерната тежина се сериозни состојби кои можат да се поврзат со некои од водечките причини за смрт, како што се срцевите заболувања, мозочниот удар и дијабетесот“, рече во изјавата Џон Шаретс, директор на Центарот за истражување и евалуација на лекови при ФДА.

<

Tirzepatide е веќе одобрен под трговското име Mounjaro за дијабетес тип 2 и се повеќе се користел за губење на тежината пред официјалното одобрение од Администрацијата за храна и лекови.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.