четврток, 12 ноември 2026
Најново

САД предлагаат „историска“ резолуција на ОН за мир во Украина

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Американскиот државен секретар Марко Рубио изјави дека САД предложиле едноставна, историска резолуција до Обединетите нации и ги повикуваат сите земји-членки на Светската организација да ја поддржат со цел „да се нацрта патоказот кон мирот“.„Оваа резолуција е во согласност со ставот на Доналд Трамп дека ОН мора да се вратат на својата основна цел, како што е наведено во Повелбата на ОН, а тоа е одржување на меѓународниот мир и безбедност преку мирно решавање на споровите“, рече Рубио.Според неговото мислење, „ако ОН се навистина посветени на својата основна цел, мора да признаеме дека е можно да се постигне траен мир, и покрај предизвиците“.„Со поддршка на оваа резолуција, потврдуваме дека овој конфликт е ужасен, дека ОН можат да помогнат да се стави крај и дека мирот е можен“, рече Рубио.Тој додаде дека американскиот претседател Доналд Трамп е посветен на ставање крај на војната во Украина и изнаоѓање траен мир.Како што истакна во изјавата, војната во Украина „се одолговлекува предолго и со преголема цена за Украина и Русија“.САД вчера предложија нацрт-резолуција на Обединетите нации по повод третата годишнина од почетокот на војната во Украина, а Генералното собрание на ОН ќе се состане во понеделник за да гласа за резолуцијата предложена од Украина и ЕУ.Во нацрт-резолуцијата, која ја виде Ројтерс, се наведува „итна потреба да се стави крај на војната оваа година и да се удвојат дипломатските напори за да се намали ризикот од понатамошна ескалација и да се постигне сеопфатен, праведен и траен мир во Украина“.

Поврзани вести