САД ја обвини Кина за сајбер шпионажа, Пекинг негира

Пентагон ја обвини Кина дека води кампања на сајбер шпионажа со цел да прибере информации за програмата за одбрана на американската влада, што Пекинг веднаш го отфрли.„Кина користи капацитети во својата информатичка мрежа за да собере податоци од секторот за поддршка на програмите на националната одбрана во САД, во домените на дипломатијата, економијата и индустријата“, се наведува во најновиот извештај на Пентагон, кој е претставен во Конгресот.Во документот се наведува дека кинески хакери се обиделе во повеќе наврати во текот на 2012 година да пристапат до мрежата на американската влада, со цел Пекинг да има подобри податоци за воените капацитети и политички одлуки во САД.Извештајот на Пентагон претставуваа досега најдиректно обвинение за кинеските сајбер напади на американската влада и американските компании.Кинеската војска меѓутоа ги отфрли тврдењата на американските воени власти, со оценка дека „се неодговорни и дека и штета на меѓусебната доверба“.Како што пренесе во понеделникот Синхуа, претставникот на кинеската војска Ванг Сингѓун рече дека кинеската влада, ниту пак оружените сили, никогаш не одобриле сајбер напади на американски цели.
МакфаксПентагон ја обвини Кина дека води кампања на сајбер шпионажа со цел да прибере информации за програмата за одбрана на

Пронајдете не на следниве мрежи: