САД ЌЕ ГО ЗАБРАНАТ ТИК-ТОК?

Нацрт-законот, предложен од републиканецот Мајкл Мекол, ќе му овозможи на Вашингтон законски да ја забрани употребата на TikTok поради загриженост за националната безбедност, пренесува Ројтерс.

САД ЌЕ ГО ЗАБРАНАТ ТИК-ТОК?
  • Загрижени сме бидејќи оваа апликација и дава на кинеската влада увид во нашите телефони – изјави Меккол за Bloomberg News.

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп се обиде во 2020 година да ги блокира новите корисници да преземаат TikTok и да забрани парични трансакции што би ја блокирале употребата на апликацијата во САД.

Во јуни 2021 година, администрацијата на американскиот претседател Џозеф Бајден формално се откажа од идејата.

Тик Ток, кој има повеќе од 100 милиони корисници во САД, се обидува да го убеди Вашингтон дека не собира лични податоци на граѓаните, ниту дека може да пристапи до нивната содржина преку телефон и дека не може да биде манипулирана од Кинеската комунистичка партија. или било кој друг под влијание на Пекинг.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.