САД ѝ се заканија на Турција со санкции

Помошникот на шефот на американското Министерство за трговија, Метју Акселрод, неодамна на состаноците со турските претставници во Анкара и Истанбул предупреди дека на Турција ѝ се закануваат „последици“ доколку не го намали извозот на американски технологии во Русија, што може да има воена цел.

САД веруваат дека западната електроника стигнува до Русија преку Турција. Според неименуваниот функционер, заострувањето на ставот на САД веќе доведе до зголемување на трошоците на Русија поврзани со увозот на американски стоки. Американското Министерство за трговија бара домашните компании да добијат дозвола за продажба на „чувствителни компоненти“ на 18 компании од Турција, а оваа листа може да се прошири, пренесува Комерсант.

Акселрод рече дека Турција треба да работи понапорно за да ја ограничи трговијата со американски чипови и други електронски стоки. Според него, Москва „се обидува да ја искористи трговската политика на Турција“ за пристап до американската технологија.

„Потребна ни е Турција да помогне да се запре нелегалниот проток на американска технологија во Русија. „Треба да видиме напредок од турските власти и индустријата и тоа брзо, инаку нема да имаме друг избор освен да примениме санкции против оние кои го заобиколуваат нашиот режим за контрола на извозот“, изјави американски функционер за Фајненшл тајмс.

Од почетокот на војната во Украина во февруари 2022 година до крајот на првата половина на 2024 година, 494 компании од 57 земји беа под секундарни американски санкции поради врските со Русија. Најголем број компании под рестрикции има во Кина, 107. На второ место се ОАЕ со 75 компании, а уште 66 компании се регистрирани во Турција.

Пронајдете не на следниве мрежи: