Саем на мебел од денеска во Скопје



Од денеска до недела во комплексот „Борис Трајковски“ во Скопје ќе се одржува Саемот на мебел, на кој ќе се претстават над 70 домашни и меѓународни брендови.

Посетителите ќе имаат можност на едно место да најдат сѐ што им е потребно за да го освежат домот, од едноставен и минималистички мебел до префинети и впечатливи парчиња мебел.

Исто така, секој ќе може да ја искористи ексклузивната можност да добие бесплатен, професионален совет, затоа што архитектонското студио Archx ќе биде дел од Саемот и нивните архитекти на посетителите ќе им дадат соодветни решенија за опремување и дизајн на домот, ќе споделат совети за комбинирање на различни бои и материјали, насоки за максимално да го искористат нивниот простор со идеални димензии, најавуваат организаторите.

Саемот ќе биде отворен од 10 до 20 часот во среда, четврток, петок и сабота, а во недела од 10 до 17 часот. Влезницата ќе чини 150 денари или 250 денари за двајца.

– Реклама –

Пронајдете не на следниве мрежи: