Сакате да ја зачувате витката линија? Пробајте го овој пијалак!

Тијана Дапчевиќ, скопјанката која живее во Белград е омилена актерка и пејалка, таа е еден од најпозитвните ликови на нашата и на српската естрада, жена, мајка кралица.

Познатата пејачка и актерка, Тијана Дапчевиќ или фрау Ула од Преспав, во една прилика гостуваше во емисијата Еден на Еден и рече дека било тешко да се снима во услови на пандемија, но и раскажа случка врзана за Талат – Дритон.

-Многу беше мачно, најмачно беше тоа што не се дружевме. Ние веќе се познаваме као огромна фамилија, а овој пат имавме договор да се движиме само дома и на снимање.
Секогаш кога снимаме, снимаме по 35-40 дена. Но, ние никогаш не сме си повисиле тон еден на друг, функционирме одлично.

Освен помеѓу брачниот пар Ула и Коста. Јас и Игор се однесуваме навистина како брачен пар, тој кога ќе ждригне јас му викам:
Свињо една“, рече Тијана и раскажа како Јелена Јованова ја научила како да стане тата-мата за учење на улогата.

„Јелена ни вика дека јас и Игор сме како вистински брачен пар. Инаку, таа и васил најмногу ми помогнаа“, рече Тијана и раскажа интересна случка.
-Еднаш завршивме порано со снимање и му викам на Дритон (Талат), ајде да се враќаме пешки од телевизија дома, место да не возат. Наидовме на една кафана, внатре празно, жив човек нема.

Му викам, ај да влеземе на кратко, една ракија, едно мее, малце да се опуштиме. А не смеевме, според договорот само дома и снимање. Ама во кафаната баш немаше жив човек, за што си направив и снимка.
Ни се јавува Васил: Кај сте? Му кажавме, а потоа дојде и тој. Поседовме еден саат. Утредента разбрале од продукцијата дека сме го прекршиле договорот, и среќа не бевме казнети, само опоменати“, рече Тијана.

Сакате да ја зачувате витката линија? Пробајте го овој пијалак!

Една од најактивните пејачки на социјалните мрежи, е Тамара Тодевска па често знае во кратките приказни на „Инстаграм“ да сподели некоја секојдневна активност.
Таа во една прилика проговори за разделбата помеѓу нејзините родители и како го надминале тој тежок период со сестра ѝ Тијана:

„Не ми беше сеедно кога Тијана се пресели во Белград, а не ми е ни сега. Но, знам дека таа тука е среќна“, вели Тамара во заедничкото интервју со Тијана кое е направено во Белград.
Тамара, која по освоеното седмо место на „Евросонг“ беше актуелна во целиот регион.

„Навистина мислам дека солзите се лек за сѐ. Најголемиот дел од времето се трудиме да бидеме силни, но мислам дека нашата сила лежи во тоа да ја покажеме слабоста, и да уживаме, како во позитивните, така и во нештата кои не прават тажни дури можеби и во оние кои не повредуваат.
Ова најверојатно звучи лудо, но кога ќе се свртам назад на својот живот, токму тешките моменти, во кои сум била повредена и поради кои сум плачела на крај ме направиле посилна личност каква што сум денес.

Без солзите никогаш не можеме да ја почуствуваме силата на среќата“, изјави Тамара.
Тамара Тодевска и Тијана Дапчевиќ искрено зборуваа за разводот на нивните родители, за српскиот магазин „Стори“. „Разводот на родителите не обележа“ велат двете познати пејачки, а целата приказна ја имаше во печатеното издание на магазинот.

Во неколку наврати, Тамара има изјавено дека нејзината мајка Брана која е поранешна оперска пејачка и професорот по контрабас, Велко Тодевски останале во добри односи по разделбата.
Ова е видливо на сите нивни семејни прослави и настани каде што се присутни мајката на Тамара и на Тијана и таткото, со неговата втора сопруга, за која Тамара често знае да каже дека ѝ е блиска.

Taмара со неколку пријатели објави дека заминала во близина на Сер на патување. Оттаму, со пријателите ѝ се јавија на Тамара на видео повик, да се слушнат сестрите, кои изгледаа многу среќно.
Може да се каже дека Тамара и Тијана си се најверни една на друга, после сѐ што имаат поминато заедно.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.