Сакате тестенини, но сакате и да ослабете? Имаме добри вести за вас

Доколку сте љубител на тестенини и не сакате да се откажете од нив дури ни за време на диетата, научниците имаат добри вести за вас. Имено, исхраната која се базира на тестенини допринесува за губење на килограмите, се тврди во новото истражување.

Станува збор за тоа што, за разлика од останатите рафинирани јаглехидрати, шпагетите и макароните имаат низок гликемиски индекс па затоа тие не предизвикуваат нагол пораст на нивото на шеќер во крвта, наведуваат научниците.

Тие правеле анализа на 29 претходни студии кои го испитувале влијанието на исхраната со тестенини во однос на другите јаглехидрати, во кои учествувале вкупно 2.448 лица. Поголемиот дел од испитаниците јаделе по 3 порции паста неделно.

“Тестенините не допринеле за пораст на телесната тежина ниту маснотии во организмот. Можеме да кажеме дека тие би можеле да станат дел од здравите диети како што се оние кои се засноваат на внес на храна со низок гликемиски индекс”, тврди главниот автор на студијата, Џон Сјевенпајпер.

Научниците работат на подетално утврдување за тоа дали тестенините можат навистина да бидат составен дел од диетите, а да не допринесуваат за зголемување или стагнирање на тежината.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.