Сакајте го она што ви пречи!

Сето она што ве излудува всушност се вашите големи шанси. Луѓето кои ве нервираат всушност се вашите најдобри учители. Нешто што ве лути всушност е најголемиот подарок за вас. Бидете благодарни на тоа. Сакајте ги.
Луѓето или околностите кои ве исфрлаат од рамнотежа имаат исклучителна вредност. Тие  ви ги откриваат уверувањата, стравовите и лажните претпоставки  што ве ограничуваат. Славниот психолог Карл Јунг еднаш рекол: „Се што не нервира кај другите може да ни помогне подобро подобро да се разбереме самите себе“. Моќен заклучок. Колку би му платиле на оној кој точно би можел да ви каже што  ве спречува да живеете најдобро што можете? Она што ве нервира, раздразнува и лути се појдовни точки кон напредокот и подемот. Тоа се јасни знаци што ви кажуваат на што треба да поработите и со кои стравови треба да се соочите. Тоа се дарови за развојот.

Можете да ги обвинувате луѓето заради кои се нервирате и се да префрлите на нив.  Или да бидете доволно мудри да ѕирнете во себе и да ги откриете причините за својата негативна реакција. Искористете ги предизвиците за да ja развиете самосвесноста. Видејќи , како воопшто можете да го совладате стравот за кој не сте свесни? И како можете да надминете некоја несигурност ако воопшто не знаете дека ја имате?
Кога ќе ги сватите своите лични слабости и ќе ја прифатите одговорноста за нив, вие всушност го започнувате процесот за нивно отфрлање.  Сенките почнуваат да исчезнуваат. Станувате посилни. Помоќни. Повеќе личите на она што треба да бидете.  Почнете да го гледате светот со други очи. Луѓето навистина можат да го достигнат најдоброто. Халил Џибран, напишал „Молчењето го научив од зборливите, толеранцијата од нетолерантните, а љубезноста од нељубезните, чудно е но им благодарам на тие учители“. Затоа кога следниот пат ќе ве изнервира некој колега или роднина, кога ќе ве налути нељубезен келнер , пријдете им и прегрнете ги. Заблагодарете им се на подарокот што тукушто ви го дале!

Сето она што ве излудува всушност се вашите големи шанси. Луѓето кои ве не

Пронајдете не на следниве мрежи: