Поради неможноста да се одржуваат седници во пленарната сала „Македонија“ во Собранието до санирање на штетата предизвикана вчера од пратеникот на Левица, Борислав Крмов, идните седници ќе се одржуваат во салата „Голема купола“, вклучително и денешното закажано обраќање на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг до пратениците.
- Оваа скриена функција на клучот од вашиот автомобил може да биде исклучително корисна
- Трамп за инцидентот кај американската база во Британија: „Намерата им била да предизвикаат голема штета“
- Дали го сакате кафето и доите? Треба да го знаете ова
- Жените со непропорционално големи гради може да имаат изненадувачки здравствени проблеми
- Дали правите домашен ајвар? Овој вид црвена пиперка е идеална поради својот богат вкус и густа текстура
Синоќа Министерството за внатрешни работи извршило увид на штетите во пленарната сала. Претседателот на Собранието, Талат Џафери информира дека висината на материјалната штета дополнително ќе биде соопштена, но таа мора да биде покриена од страна на пратеникот Борислав Крмов.
Вчера на расправата за измените на новиот деловник за работа на парламентот, пратениците од опозициската партија Левица три пати ја прекинаа седницата, а Крмов и лидерот на Левица, Димитар Апасиев ги искршија мониторот и микрофоните од местото на претседателот на Собранието. Ваквата реакција на пратениците на Левица беше на измените на Деловникот со кои се оневозможува филибастеринг и блокирање на Закони од страна на опозцијата во Собранието.
Пронајдете не на следниве мрежи:



