Салата “Нисоаз“

8 варени, лупени јајца
225 г зрна варен грав
150 г конзервирана туна во парчиња
3 лажици исечкани маслинки
3 лажици кисела павлака
3 лажици мајонез
2 лажици ситно сечкан црвен кромид
2 лажици вински оцет
сол и мелен црн пипер
Во сад измешајте ги павлаката, мајонезот, црвениот кромид и оцетот. Посолете и зачинете со црн пипер по вкус.
Јајцата исечете ги на половини и одвојте ги жолчките од белките. Додадете ги жолчките во садот со другите состојки и пасирајте додека добиете хомогена смеса. На крајот додадете ги туната, гравот и маслинките, и промешајте ја салатата.

4 салати со варени јајца кои добро ќе ве најадат

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.