500 г компири
300 г моркови
340 г конзервирана пченка
400 г мајонез
1/2 лимон
1 лажица шеќер
2 лажици јаболков оцет
сол и мелен црн пипер
Сварете ги компирите, излупете ги и исечкајте ги на коцки.
Морковите исечкајте ги на коцки и 5 минути бланширајте ги во посолена врела вода со оцет и шеќер. Исцедете ги морковите и заедно со исцедената пченка додадете ги во садот со компирите. Посолете и зачинете со црн пипер. Додадете лимонов сок и мајонез, и промешајте ја салатата.
Пронајдете не на следниве мрежи: