750 г средни компири
200 мл густ јогурт
2-3 млади кромитчиња
1 лажица мајонез
1 лажица сенф
1 лажица јаболков оцет
масло, сол и мелен црн пипер
Компирот сварете го во лушпата, излупете го и исечете го на коцки. Посолете и измешајте.
Кромитчето ситно исецкајте го и ставете го во сад. Додајте го јогуртот и останатите зачини и измешајте го преливот.
На чинија за сервирање ставете ги исечениот компир и нанесете го преливот.