600 г помали листови спанаќ
300 г чадени колбаси
250 г коцки овчо сирење
150 г потпечени фстаци
1 авокадо
60 мл маслиново масло
30 мл Балсамико оцет
сол и мелен црн пипер
Колбасите исечете ги на кругови, ставете ги во тава и печете ги додека поруменат.
Во длабока чинија ставете ги листовите спанаќ, парчињата колбаси и фстаците. Авокадото исечете го на долгнавести парчиња и додадете го во чинијата.
Маслото и Балсамико оцетот измешајте ги и прелијте ја салатата. Додадете го сирењето, сол и црн пипер и промешајте ја салатата.
Пронајдете не на следниве мрежи: