700 г пилешки стек
300 г коцки кисели краставички
250 г коцки варени компири
250 г кругови праз
200 г коцки варени моркови
200 мл кисела павлака
200 г мајонез
50 г печени, лупени кикиритки
50 г сончоглед
1 лимон
1 лажица сенф
1 лажица сув зачин
1 кафена лажица кари
масло, сол и мелен црн пипер
Пилешкиот стек исечете го на долгнавести парчиња. Посолете, и наросете сув зачин и црн пипер. Испржете ги парчињата пилешко и ставете ги во сад.
Додадете ги празот, краставичките, морковите, компирите, сончогледот, кикиритките и сок од ½ лимон. Потоа додадете ги павлаката, мајонезот, сенфот и карито, и промешајте ја салатата.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.