Необична салата, фантастичен вкус…
СОСТОЈКИ:
350 гр пилешко филе
2 стебла целер
2 парчиња млад кромид
2 мали јаболка
3 лажици исечкани ореви
3 лажици брусница
1/4 шолја мајонез
1/4 шолја јогурт
сок од 1/2 лимон
сол
бибер
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Пилешкото обварете го во врела вода, па изладете го, исечкајте и ставете во сад. Додајте јаболка исечкани на коцки, исечкан целер, млад кромид, ореви, брусница, па измешајте.
Во помал сад соединете мајонез, јогурт, свежо исцеден сок од лимон, малку сол и бибер, прелијте ја салатата, добро измешајте, па послужете.
Добар апетит!