четврток, 12 ноември 2026
Најново

Само во август 349 Македонци побарале азил во ЕУ

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Во месец август 349 граѓани на Р. Македонија побарале азил во земја од Европската Унија. Една третина од нив  се повторни барања откако еднаш биле одбиени, покажуваат последните бројки на Европската канцеларија за азил (ЕАСО). Уште 919 лица од Македонија се во исчекување на одговор од властите (пендинг).
Во месец јули годинава бројката на барања од Македонија била 351, а во октомври 2017. година 505.
Граѓаните од Србија, Македонија и Таџикистан се рекордери по бројот на повторни барања за азил, што, според ЕАСО, покажува дека овие лица се долгорочно присутни во системите на азил на земјите членки на ЕУ.
Македонците со еден насто и Молдавците со нула насто имаат најниска стапка на одобрување на барањата на азил, по нив следуваат Грузија и Гана со два насто.
Општо земено во ЕУ во август имало 48 илјади барања за азил, што претставува пад од осум илјади. Стапката на одобрување на барањата е 33 отсто. Најголеми шанси да бидат одобрени имаат лицата од Сирија, Јемен, Етитреа и Палестина.

Поврзани вести