САМО ВО МАКЕДОНИЈА: Го оставил автомобилот за поправка, а мајсторот му го продал на друго лице

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Ш.Б.(23) од с.Горна Бањица, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,затајување“.

Како што информира МВР, пријавениот на 20.05.2023 во неговата авто-лакерска работилница во Гостивар продал патничко возило „опел корса“, без согласност на сопственикот А.А.(19) од с.Балин Дол, кој го оставил за лакирање и поправка.

На тој начин пријавениот се стекнал со противправна имотна корист.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.