Само две состојки: Најевтиниот домашен спреј кој ќе ги тргне сите комарци од вас!

Промената на климата, односно, големите разлики во неа, доведе до куп комарци кои не нѝ даваат мир.
Луѓето на разни начини се борат против непријатните инсекти, а ако сакате да поминете евтино, направет домашен спреј.


Во што е тајната на оваа мешавина?
Иако не е докажано, се смета дека комарците не ги напаѓаат луѓето кои консумираат бел лук, бидејќи не можат да го поднесат неговиот мирис. Кога просторијата ќе ја испрскате со бел лук и вода, после само неколку минути непријатниот мирис вие нема да го чувствувате, но овие нападни и досадни инсекти ќе го почувствуваат и ќе бегаат од вас.
Состојки:
– бел лук;
– вода.
Подготовка:
– згмечете пет чешниња лук и ставете еден литар зовриена вода;
– гответе некое време, па тргенете од оган;
– кога ќе се излади течноста, истурете ја во шише со прскалка или некое друго старо шише од парфем.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.