Само на Балканот: урнебесни изговори со кои се избегнува секcот

Во светот е раширено верувањето дека сексот е една од најважните човечки активности. Колку и да има причини за секс веројатно постојат и исто толкав број изговори за тоа да не се случи.
Некои одат толку далеку што тврдат дека токму сексот е најважен за здрава врска. Во продолжение ви преставуваме листа на шеговити изговори на мажите но и жените од овие простори со кои го избегнуваат овој дел од емотивната врска.
*Леле, кај сега кога толку многу ме боли главата.
*Не можам вечер ќе има добар фудбал.
*Не сум депилирана.
*Утре треба рано да станам, првиот состанок ми е во 8:15 ми треба да сум одморен.
*Се прејадов на вечерата навистина не можам сега.
*Нешто ко да ме фаќа настинка се плашам да не заразам и тебе.
*Леле немој сега ти се молам , кој ќе се тушира пак.
*Јадев лук имам киселини ај за викенд да оставиме.
*Немој вечер нели се договоривме дека викендов ќе ги пратиме децата кај моите, ете тогаш ќе може.
*Не можам ми студи на нозете.
*Ми се укочи грбот да не направиме некоја беља поголема ај да оставиме за друг ден.
* Гледам серија (реприза на „Пријатели”)
*Испотена сум и „смрдам“. Морам да се истуширам (а не се истуширала до идното утро)
*Се обидувам да гледам филм (заспала по 15 минути)
*Пијан си мирисаш
*Не,не и не.
И многу други ..

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.