САМО ПРИРОДНО: Потребни ви се ТРИ состојки за МАСКАТА која ќе ја отстрани целата маснотија од вашето лице

Повеќе не мора да трошите пари на скапи подготовки

Ако имате мрсна кожа на лицето склона кон акни, ова е идеалната маска за вас.

Комбинацијата од краставица, мед и овесни снегулки ќе ја оживее вашата кожа. Краставицата е задолжена за обезбедување свежина и хидратација на клетките.

Покрај тоа, го отстранува вишокот маснотии и акумулираната нечистотија.

Овесната каша ги отстранува мртвите клетки од кожата, како и вишокот на себум.

Медот обезбедува рамнотежа со контролирање на абразивната структура на овесните снегулки и спречувајќи го пилингот да биде агресивен.

Покрај тоа, медот ја храни кожата со витамини и минерали.

При правењето на оваа маска потребно е претходно краставицата да отстои на собна температура.

Пред да ја нанесете маската, исчистете го лицето и по можност стојте над пареа, за да се отворат порите и хранливите материи да навлезат подлабоко во кожата.

Состојки:

половина краставица
1 лажица мелена овесна каша
1 лажица мед

Подготовка:

Изблендирајте половина краставица, па истурете ја смесата во садот за мешање.

Додадете ги другите состојки и убаво измешајте.

Со чисти врвови на прстите масирајте ја маската со нежни движења.

Оставете да делува 10 до 15 минути, а потоа исплакнете го лицето со ладна вода.

Пронајдете не на следниве мрежи: