Само 43 лица на светот имаат ‘златна крв’

Можеби е крајно време да дознаете која е вашата крвна група, бидејќи можеби и вие сте едни од оние кои во себе носат ‘златна крв’.
Постојат четири основни типови на крвни групи, A, B, AB и 0, а секоја од нив може да биде позитивна или негативна, во зависност од тоа дали Rh факторот е присутен или отсутен.
Нулта крвна група е најчеста. Најретката е крвната група Rhnull, која експертите сакаат да ја нарекуваат ‘златна крв’. Според достапните податоци, само 43 луѓе во светот ја имаат оваа крвна група, а таа е откриена во 1961 година.
Оваа најретка крвна група нема ниту еден од 50-те антигени од Резус системот.
Иако овие луѓе можат да даруваат крв на секого, само неколку луѓе можат да им го спасат животот. Затоа, доколку некогаш им биде потребна трансфузија, луѓето кои имаат златна крв ги охрабруваат да даруваат крв.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.