Санини: Април е клучен за одлуката на ЕУ за Србија

Директорот на Дирекцијата на Европската комисија за проширување, Стефан Санино оцени во саботата во Белград дека Србија се наоѓа во центарот на вниманието на Брисел кој од неа очекува чувствителен напредок во дијалогот со Приштина, истакнувајќи дека април а не јуни, е клучен месец за одлуката за почетокот на преговорите со Европската унија.
„Важно е да се оствари напредок до април, бидејќи евентуалното постигнување на договорот во последен момент би можело да предизвика сомнеж кај членките на ЕУ. Април е клучниот месец, поважен за Србија отколку што е јуни“, изјавил Санино на прес-конференцијата во Белград по повод семинарот Регионална академијата за демократија (РАД) .
Потсетувајќи дека пред Белград и Приштина претстои нов круг преговори веќе во март, Санино очекува дека токму таа средба на српскиот и косовскиот премиер, Ивица Дачиќ, односно Хашим Тачи, во Брисел ќе биде јасен знак дека „страницата е свртена“ и дека напредокот „станал видлив’.
Во контекстот на проширувањето на ЕУ, вело Санино, „сето внимание на Брисел сега е вперено кон Србија и можноста подоцна годинава ЕУ со неа да ги отвори преговорите“.
Шефот на Делегацијата на ЕУ во Белград, Винсен Дегер, изјави дека и покрај „значителниот напредок“ кој Србија го постигнала во досегашниот процес на евроинтеграциите, одлуката за почетокот на пристапните преговори може да биде донесена само темелејќи се на „достигнувањата во дијалогот меѓу Белград и Приштина“ и предупреди дека за тоа „не останало уште многу време“.
„Не може се’ да биде решено преку ноќ, но важно е до 16-ти април (кога Европската комисија ќе го поднесе извештајот за напредокот) да стекнеме чувство дека работите одат во добра насока и дека се остварува напредок (во дијалогот со Приштина)“, изјави Дегер на истата прес-конференција во Белград.
Според утврдениот политички календар на ЕУ, роковите за Србија се многу прецизни, по извештајот на Европската комисија во април, на 28-ми јуни ќе следува одлуката на Европскиот совет дали Србија, или нема, да го добие датумот за почеток на преговорите, рекол Дегер.
Шефот на дипломатската мисија на ЕУ во Белград оцени дека Унијата видлив напредок ќе бара в практичното спроведување и примената на претходно постигнатите договори меѓу Белград и Приштина, особено во Договорот за интегрирано управување со премините (IBM), отворање на канцеларијата за офицери за врски енергетиката, телекомуникациите, во реформите на јавната управа и правосудството, борбата против корупцијата, борбата против дискриминацијата и заштитата на малцинствата.
МакфаксДиректорот на Дирекцијата на Европската комисија за проширување, Стефан Санино оцени во саботата во Белград дека Србиј

Пронајдете не на следниве мрежи: