Манчестер јунајтед и Лидс одиграа одличен натпревар на Олд Трафорд кој заврши без победник, 2-2, гостите водеа со 2-0 но на крајот домаќините беа поблиску до победа.
Натпреварот почна шокантно за Манчестер јунајтед, уште во првата минута Њонто постигна гол за водство на Лидс од 1-0.
Како што почна шокантно првиот дел, така стартуваше и второто полувреме, во 48. минута Варан си постигна автогол за предност на Лидс и од 2-0.
Тен Хаг во 59. минута го стави Санчо во игра место Вегхорст. Рашфорд отиде на позицијата централен напаѓач и овој потег го смени мечот.
Само три минути подоцна Рашфорд даде гол со глава за 2-1, а во 70. минута Санчо реализираше за 2-2. Тоа беше негов прв гол по пет месеци.