Европскиот сателит Sentinel-2 во рамките на програмата „Коперникус“, додека поминувал над Грција, ги снимил Охридското и двете преспански езера, а снимките со висока резолуција ги објави грчкиот портал „Метео“ на Националната опсерваторија.
Од „Метео“ информираа дека на сателитската снимка се Големото Преспанско Езеро и Малото Преспанско Езеро, „кои се разделени со тесен копнен појас“.
– Големото Преспанско Езеро е најголемото природно езеро што делумно се наоѓа во Грција, а неговите води се распределени меѓу Грција (околу 22 отсто), Албанија (околу 18 проценти) и Северна Македонија (околу 60 отсто). На снимката се забележува и Охридското Езеро, што се наоѓа на границата меѓу Албанија и Северна Македонија. Нијансите на водата се должат главно на различната длабочина и на составот на езерското дно – информираа од „Метео“.
Сателитската снимка била направена минатиот понеделник на 29 јуни 2026 година при прелетот на сателитот над Грција.



