четврток, 12 ноември 2026
Најново

Саудиската армија го зголеми нивото на готовност на максимум

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Саудиската армија го зголеми нивото на борбена готовност до максимум по иранските напади врз земјата. Ријад се закани дека ќе возврати во случај на „координиран“ напад врз нафтената инфраструктура.

Тензиите ескалираа по нападот врз големата рафинерија Рас Танура, управувана од државниот нафтен гигант „Сауди Арамко“.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Според саудиското Министерство за енергетика, објектот бил цел на два дрона кои биле пресретнати, а некои операции во рафинеријата биле привремено суспендирани како мерка на претпазливост.

Иранските ракети насочени кон воздухопловна база во близина на главниот град Ријад исто така биле пресретнати.

„Саудиската армија го зголеми нивото на готовност до максимум“, изјави извор близок до војската.

Според претставник близок до Владата, Ријад засега ќе „набљудува и ќе чека“, но може да нанесе удари на иранските нафтени постројки доколку Техеран изврши целен напад врз „Арамко“.

Во меѓувреме, Катар соопшти дека неговите воздухопловни сили собориле два ирански бомбардери Су-24. Два ирански дронови, исто така, нападнале електрана јужно од Доха и електрана во Рас Лафан, главниот центар за производство на течен природен гас во земјата. Нема извештаи за жртви.

Во Оман, индиски државјанин е убиен во напад врз танкер за нафта крај брегот на Мускат.

Во Бахреин, брод е погоден од „неидентификувани проектили“ во пристаниште, предизвикувајќи пожар, но нема жртви. Екипажот е безбедно евакуиран.

Поврзани вести