четврток, 12 ноември 2026
Најново

Саудиска Арабија: Нема односи со Израел без палестинска држава

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Саудиска Арабија ја потврди својата позиција дека нема да воспостави врски со Израел без создавање на палестинска држава.

Оваа позиција е „цврста и непоколеблива“, се вели во соопштението на Министерството за надворешни работи на земјата објавено по прес-конференцијата на Трамп и Нетанјаху.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Министерството додаде дека за ова „не може да се преговара“, додавајќи дека „траен мир“ не е можен без да им се даде на Палестинците нивното „легитимно право“ на државност.

Претходно во Белата куќа, американскиот претседател и израелскиот премиер истакнаа голем број успеси за време на првиот мандат на Трамп, вклучувајќи го и потпишувањето на договорот – со кој се воспоставија дипломатски врски меѓу Израел и неколку арапски земји.

Трамп, исто така, рече дека се надева дека ќе ги обнови овие напори за нормализирање на односите меѓу Израел и Саудиска Арабија

Поврзани вести