четврток, 12 ноември 2026
Најново

Саудијците губат трпение, може да извршат напади врз Иран

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Саудиска Арабија објави дека по иранските напади во текот на ноќта, „дури и онаа мала доверба што постоеше претходно е целосно уништена“.

„Саудиска Арабија го задржува правото да дејствува воено против Иран и секоја доверба во односите со Техеран е нарушена“, изјави саудискиот министер за надворешни работи, Фајсал бин Фархан Ал-Сауд.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Потсетуваме дека синоќа во главниот град на Саудиска Арабија, Ријад, беа регистрирани неколку експлозии, објави Ал Џезира.

Според извештајот, во Ријад се слушнале неколку експлозии, додека сирени за тревога се слушале низ целиот град.

Како што објави Министерството за одбрана на Саудиска Арабија, армијата на земјата пресретна и уништи четири балистички ракети лансирани кон Ријад.

Остатоци од пресретнувањето паднале во различни области на главниот град, објави министерството, додавајќи дека првичните проценки не укажуваат на никаква штета или повредени.

The post Саудијците губат трпение, може да извршат напади врз Иран appeared first on Во Центар.

Поврзани вести