Сашо Мијалков од Шутка во куќен притвор

До правосилност на пресудата две години затвор за случајот “Титаник 2“ Скопска Апелација ја уважи жалбата на поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков и му го замени притворот во затворот во Шутка со куќен притвор.
Основниот суд Скопје 1 на 8 март го осуди Сашо Мијалков на три години затвор за примање награда за противзаконито влијание, кривично дело што им се става на товар на луѓе на моќни функции, во случајов како поранешен директор на УБК, кои замолуваат или наредуваат на други функционери и лица за да сторат кривично дело.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.