Сашо Тасевски: Украина е жртвувана од САД и никој друг

Јас, Сашо Лазански Тасевски Ем Кисинџер, како ваш дежурен политички аналитичар, во ситуација кога живееме во тежок медиумски мрак во 21 век, ќе ви презентирам документирани факти за тоа зошто на Путин му прегоре лончето и му претече млекото.

1989 година, Буш, Бејкер и Геншер го убедуваат Горбачов да прифати обединување на Германија. Горби прифаќа но под услов НАТО да не се прошири ни инч поблизу до СССР т. е. Русија. Тие му велат, нема проблем Горби.

1996 Америте носат одлука НАТО да се прошири со Полска, Летонија…Тогаш Елцин полудува во својот говор кога урла: Не може вака! Ние не сме Хаити да се заебаваат вака со нас. Само треба да знаат, Русија ќе се врати и пак ќе биде голема, многу брзо!

1998 Еден од најголемите политичари на САД Кенан изјавува: Денес на втори мај 1998 со жал ќе констатирам дека Студената војна се врати. Не требаше да дозволиме ширење на НАТО кон Русија. Ова ни е тешка геостратешки грешка. Глупост која еден ден скапо ќе ја платиме.

2000 година Путин бара влез во НАТО, постојат документи. Буквално од НАТО му велат : Дечко од КГБ, оди прошетај малку. Потоа Путин бара влез во ЕУ. Од таму му велат: А бе многу голема земја сте, не ни одговарате у екипата.

2006 година, Путин му вели на Буш, а бе шо е со ракетниот штит муабетов во дворот на Русија што го планирате?Буш: А бе Влатче, немај гајле бе. Тоа ни е заштита од Иран ако нападне. Уживај. Немаме ние лоши намери кон вас.

Путин му враќа: Ајде тогаш заедно да го правиме со ЕУ? Оти вака еднострано го раскинуваш договорот од Москва од 1972 година за ракетни те системи. Буш: Влатче уживај бе брат, ама од тој Иран многу ми е страв. Прај си ти САМ РАКЕТИ ако сакаш во Русија, само ние ако не сме ти таргет. Опушти се.

2007 година во Давос, Путин првпат жестоко им се обраќа на говедата со прашање: Нели ветивте нема проширување кон Русија, сега уште ракети ставивте насочени кон нас кои за неколку саати можете да ги преуредите во офанзивни. Една од нив може да стигне до Москва за 4 минути. Зошто излажавте?Америте на тоа цинично му вратија: Ама ние сме и ветиле на СССР, а вие сте сега Русија. Јеби га.

Ете така САД го создадоа денешниот Путин од кој се плашат и не бираат начин како да го оцрнат медиумски.Баравте гледајте.И затоа наместо да паѓате у севдах за Украина треба да го знаете ова. Украина е жртвуваа од САД и никој друг.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.