Сања и Петар пиеле, пееле во кафана и пренесувале во живо, а наутро тој и испукал два куршуми во гради

Според првичните информации од истрагата Петар и Сања претходната ноќ ја минале многу весело во блиските угостителски објекти.
Со истрели од ловечка пушка Петар Ж. (73) од Свилеува, Србија во неделата наутро ја усмртил Сања Јанковиќ (42) од Ваљево. Убиството се случило околу 8 часот во неговата куќа во Свилеува, каде инаку живеел сам, а Сања со која бил во вонбрачна заедница, повремено престојувала таму.
Според првичните информации од истрагата Петар и Сања претходната ноќ ја минале многу весело во блиските угостителски објекти.

Кога се вратиле Петар во неговата куќа, во спалната соба испукал два истрела во градите на Сања, по што ја ставил покрај ѕид пушката во претсобјето и отишол на чешмата пред куќа да ги измие рацете.
Комшиите шпекулираат дека убиството е извршено од љубомора.


-Петар живеел сам по смртта на сопругата и од кога ќерките си заминаа. Има барем десет години како Сања повремено поминува кај него. Не беа венчани, а во селото често се збореше за таа врска со оглед на големата разлика во години, говорат мештаните на Свилеува.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.