Светиот благодатен оган ќе пристигне во Македонија!

Комисијата за односи со верските заедници ја информира македонската јавност дека годинава на 1ви мај кога се празнува Велика Сабота и во нашата држава во вечерните часови ќе пристигне Светиот благодатен оган на Меѓународниот аеродром во Скопје.

Директорот на Комисијата за односи со верските заедници Даријан Сотировски ќе ја има честа на Меѓународниот аеродром во Атина, Република Грција да го преземе Светиот благодатен оган од страна на грчката државно-црковна делегација која ќе го донесе од Ерусалим, каде речиси два милениуми се симнува во пладневните часови во Христовиот гроб во црквата на Христовото Воскресение на Велика Сабота.

По пристигнувањето Светиот оган на Меѓународниот аеродром во Скопје ќе биде пречекан и преземен од претставници на православните епархии, кои ќе го однесат во сите градови ширум државата. Директорот на Комисијата Сотировски по доаѓањето светиот оган ќе му го предаде на Неговото блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан во резиденцијалниот манастир Св. Георгиј Победоносец во Скопје.

Посакуваме убави празнични мигови на православните верници во татковината и ширум светот и потсетуваме на апелите за задолжително придржување до мерките за заштита од корона вирусот, со особен акцент задолжително носење на заштитна маска во храмовите и надвор од нив.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.