Светогорскиот колач со суво овошје се прави од тесто со џем во кое се додава суво овошје, најчесто по избор. Оваа посна торта со сушено овошје ќе ви стане омилено уживање, а лесно се подготвува и не чини многу.
Потребни состојки:
10 лажици џем
10 лажици шеќер
1 кесичка цимет
кора од 1 лимон
1 портокал
1 лажица прашок за пециво
500 гр брашно
250 мл млака вода
1 шака сечкани ореви
малку суво грозје
малку суви кајсии
малку суви банани
Подготовка:
Во џемот (6 лажици) додадете шеќер и добро измешајте, па турете вода, цимет, рендана кора од лимон и сок од еден портокал, ореви, суво грозје, сечкани суви кајсии, како и сечкани суви банани. Постепено додавајте брашно измешано со прашокот за пециво и добро соединете ги сите состојки. Смесата истурете ја во калап обложен со хартија за печење, а најдобро би било да користите калап за леб. Израмнете ја смесата и печете во загреана рерна на 180°C околу 25-30 минути. Готовиот колач премачкајте го со џем (4 лажици), а по желба можете да го премачкате со растопено чоколадо.