четврток, 12 ноември 2026
Најново

Светот го чекаше ова! Кина побрутална од кога било по Иран: Ако Америка и Израел не се повлечат..

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Нападот на Соединетите Американски Држави и Израел врз Иран претставува опасна ескалација што не им користи на ниту една страна и дополнително го дестабилизира Блискиот Исток, изјави кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји.

Шефот на кинеската дипломатија нагласи дека избувнувањето на нова војна во регионот е сериозен удар врз меѓународната безбедност и ги повика сите страни веднаш да ги прекинат непријателствата.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

– Војната на Блискиот Исток не требаше ни да започне и таа не им користи на ниту едната страна –  рече Ванг Ји .

Кина бара почитување на суверенитетот на Иран и земјите од Персискиот Залив

Кинескиот министер за надворешни работи нагласи дека меѓународното право мора да остане основа за решавање на кризата и предупреди дека воената ескалација може да доведе до поширока регионална дестабилизација.

Потребно е веднаш да се прекинат борбените операции, а суверенитетот на Иран и сите земји од Персискиот Залив мора да се почитува – изјави шефот на кинеската дипломатија.

Во последните денови, Пекинг постојано повикува на политичко и дипломатско решение на кризата, предупредувајќи дека продолжувањето на конфликтот меѓу Соединетите Американски Држави, Израел и Иран би можело да предизвика сериозни последици за стабилноста на Блискиот Исток и глобалната безбедност.

Поврзани вести