Свештеник му удри шамар на бебе зошто плачеше: Таткото потполно ги изгуби нервите

Шокантна снимка од крштевање на дете која многумина ги разбесни веќе некое време кружи на социјалните мрежи.
Снимен е свештеник кој говори француски, но не се знае каде точно настанала снимката. Објавена е на страна на островот Мартиник и Гладалупе.
Во текот на крштавањето, бебето во рацете на свештеникот не престана да плаче.
Потоа свештеникот направи нешто што многумина го осудија, на детето му удри шамар. После овој ужасен потег таткото тргна да му го земе детето на свештеникот, а тој се тргаше и настана вистински хаос.
Свештеникот залудно на сите им викаше да се смират, но таткото на детето беше видно вознемирен.
Целата гужва доведе до тоа бебето уште толку да се вознемири.
Многу корисници на социјалните мрежи кои ја гледаа снимката, го осудија потегот на свештеникот.

nbsp;

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.