Свештеник наговарал две калуѓерки на групни односи, сакал да прави „Свето Тројство“

Свештеник се најде во центарот на сексуален скандал во Ватикан откако се обидел да организира групен секс со две калуѓерки, а за време на убедувањето се обидел да ја прикаже нивната средба како „Светото Тројство“, изјави една од калуѓерките, пренесува „Еј-Би-Си“.

Обвиненијата против 68-годишниот Марко Иван Рупник од Словенија воопшто не се добар знак за папата Франциск, за кој се вели дека е близок со свештеникот.

Кога на почетокот на овој месец се појавија првите обвинувања дека тој злоставувал калуѓерки во неговата родна Словенија во 1990-тите, Ватикан започна истрага, но на крајот пресуди застареноста.

Неколку дена подоцна, од црквата соопштија дека Рупник бил екскомунициран една година порано, во мај 2020 година, бидејќи ја искористил исповедта за да ја ослободи од гревовите жената со која бил во врска.

Римскиот весник „Домани“ објави интервју со калуѓерка која не сакала да го открие идентитетот, а која тврди дека Рупник ја малтретирал во текот на 80-тите и 90-тите години во Словенија, и ја одзел невиноста и ја принудил да молчи.

– Отец Марко полека и слатко почна да навлегува во мојот психолошки и духовен свет, искористувајќи ја мојата несигурност и кревкост – рекла калуѓерката и додала дека ја замолил неа и уште една калуѓерка да имаат секс во тројка. Тој им го објасни ова на начин што ќе го повтори односот помеѓу Бог, Исус и Светиот Дух.

Таа додаде дека нејзините поплаки биле игнорирани, иако Рупник, според неа, сексуално злоставувал „речиси 20 калуѓерки“.

Сега цркавата побара од сите жртви да контактираат со нив, а висок функционер вети дека „сите ќе бидат слушнати со разбирање и сочувство“.

Марко Иван Рупник е директор на центарот „Центро Алети“ во Рим. Тој е автор и на официјалната слика на Светската средба на семејствата во 2022 година, а повеќе од 30 години создава различни уметнички дела за цркви, капели и светилишта ширум светот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.