Предлог што да зготвите за денешниот ручек.
Потребни состојки:
800 г свинско месо
Рузмарин
1 чешне лук
Сол и бибер
2 лажици маслиново масло
Морска сол
Главица кромид
2 лажици масло
250 г шампињони
200 мл неутрална павлака
Начин на подготовка:
Измијте го месото и исечете го на 12 парчиња. Исечкајте го лукот и ставете го врз месото, а потоа посолете, додајте бибер, премачкајте со масло и на секое парче ставете рузмарин. Оставете го да отстои во фрижидер околу 60 минути. Пржете ги медаљоните во тава 2-3 минути и од двете страни, извадете ги и замотајте во фолија.
Исечкајте го кромидот и пропржете го во тава. Исечкајте ги печурките и додајте ги во тавата со кромид. Додајте павлака и посолете. Сервирајте ги медаљоните со сосот од печурки, а по желба и со варени компири.