Свински шницли во сос

1 кг свинска кртина
3 исечени главици кромид
250 г исечени шампињони
1 коцка за супа
2 ловорови листа
200 мл бело вино
1 лажица прашок од крем супа од печурки
1 кафена лажица куркума
масло, сол и мелен црн пипер
Исечете го месото на шницли, зачинете ги и истолчете ги. Испржете ги и ставете ги на чинија.
На преостанатата мрснотија испржете го кромидот и додадете ги печурките. Откако ќе се запржат зачинете. Налејте го виното и додадете ја коцката за супа. Вратете ги шницлите во тавата и додадете ги ловоровите листови. Постепено додавајте вода, динстајте додека омекне месото и ставете ги шницлите на чинија.
Прашокот за супа растворете го во половина чаша вода. Додадете го во тавата и варете додека се згусен сосот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.