Свински шницли со моцарела

Потребни состојки:
800 г свински шницли
1 лажица оригано
400 г тиквички
600 г домати
750 г моцарела
1 лажица свинска маст
Бибер
2 лажици рендан пармезан
Начин на подготовка:
Тенко исечените шницли посолете ги и додајте оригано. Излупете ги тиквичките и доматите, па исечете ги на кругови. Исечкајте ја и моцарелата на парчиња. Во сад за печење додајте маст, па редете ред шницли, ред зеленчук, ред моцарела. Зачинете со оригано и бибер и наредете за да добиете најмалку 3 реда. Завршете со моцарела.
Покријте го тавчето со алуминиумска фолија и ставете го да се пече во рерна на 200 степени. Печете околу 30 минути.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.