СДСМ бара да се објават јавно резултатите за водата во Гостивар

Опозициската СДСМ бара веднаш да се објават резултатите врз основа на кои е дозволено водата во Гостивар да се користи за техничка употреба.
– Техничката вода се користи за миење улици, наводнување паркови, противпожарни системи и за испирање тоалети. За туширање и лична хигиена тоа зависи исклучиво од микробиолошките наоди. Врз основа на тие наоди здравствените власти може да препорачаат таа вода дали може или не може да се користи, особено кај деца, постари лица и други ранливи категории граѓани. Одговори треба да дадат надлежните здравствени институции а не министерот за полиција, велат од СДСМ.
Прашуваат врз основа на кои параметри од анализите е заклучено дека водата може да се користи како техничка и дали граѓаните можат безбедно да ја користат за лична хигиена
– За ова не може да зборува инженер од животна средина или раководител на сектор за санитарна контрола од Водовод Скопје. Институтот за јавно здравје и Марија Андоновска треба да излезат и јасно да објаснат за што точно смее да се користи оваа „техничка“ вода. Кој стои зад оваа одлука? Нека Тошковски и владата на Мицкоски го објават официјалниот документ со анализите на водата. Кој го потпишал? Кој институт?, прашуваат од СДСМ.

The post СДСМ бара да се објават јавно резултатите за водата во Гостивар appeared first on Provereno.

Пронајдете не на следниве мрежи: