Социјалдемократскиот сојуз на Македонија бара да се свика лидерска средба на парламентарните политички партии по инцидентите што се случија на прославите на Денот на албанското знаме.
-Како партија која секогаш го ставала интересот на граѓаните и стабилноста на државата на прво место, Социјалдемократскиот сојуз на Македонија предлага итно одржување на лидерска средба на лидерите на сите парламентарни политички партии. Ова е обврска што ја имаме кон граѓаните – обврска да покажеме дека сме подготвени заеднички да се справиме со сите предизвици и да ја зачуваме нашата држава стабилна и мирна – рече Методија Илиевски, потпретседател на СДСМ.
Премиерот Христијан Мицкоски на новинарско прашање дали би го прифатил барањето на опозицијата, рече дека ќе размисли.
-Не сум размислував, ако има аргументи во таа насока ќе размислам деновиве што следат. Иако во моментов не гледам причина за такво нешто објективно, рече Мицкоски.





