Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, со своите погрешни и криминални политики, ја изолираат земјата, ја претвораат во црна точка во Европа и ги бркаат младите луѓе од Македонија, обвинува денес СДСМ.
„Криминалот и корупцијата цветаат, европските коридори ја заобиколуваат Македонија, луѓето имаат сè помалку пари во џебовите, сиромаштијата расте, емиграцијата на младите се зголемува, а владата преговара за враќање на мигрантите.
Сите реномирани британски медиуми известија за овие разговори, но владата се обидува да се прикрие.
Аналитичарите во Британија веќе ја споменуваат Македонија како земја која би можела трајно да прифати дел од мигрантите. Ова значи нивна целосна интеграција, со домови, работни места итн.
„Не можеме да дозволиме младите луѓе да бегаат од нас додека владата преговара за враќање на имигрантите“, велат од СДСМ.
The post СДСМ: Владата ги протерува младите од Македонија, а преговара за имигранти appeared first on Во Центар.



