Додека над 200.000 работници едвај врзуваат крај со крај, а вредноста на синдикалната кошничка одамна надмина 66 илјади денари, Владата одбива да ја зголеми минималната плата на 600 евра, обвинува денес СДСМ.
„Работниците протестираат за подобри плати на улиците, за да можат да ги платат сметките и да имаат храна, а Владата ги игнорира и најавува купување нов авион.“
Ова е навреда за секој чесен работник, за секое семејство кое се соочува со тежок секојдневен живот, со високи трошоци и растечки цени.
Пратениците од тендерската коалиција ВМРО-ДПМНЕ-ЗНАМ го блокираат законското решение на СДСМ во Собранието за минимална плата од 600 евра и поддршка за компаниите.
Тие дури и не сакаат да биде на дневен ред затоа што не сакаат да ги зголемат платите на работниците и не сакаат да им помогнат на компаниите.Владата сака да купи нов авион за Мицкоски, за нови туристички патувања, како она за Давос.
Груевски купи Мерцедес вреден 600 илјади евра и очила вредни 60 илјади евра со пари на граѓаните, додека Мицкоски има часовници вредни 60 илјади евра и ќе купи авион на сметка на народот.
За граѓаните и работниците „нема пари“, само за премиерскиот луксуз – мора да има, вака функционира оваа криминална влада, во мафијашки стил“, велат од СДСМ.
The post СДСМ: Владата не сака да ги зголеми платите на работниците, сака нов авион за Мицкоски appeared first on Во Центар.



