Социјалдемократскиот сојуз во соопштение вели дека Владата на Христијан Мицкоски во предлог-буџетот за 2025 година ги намалила парите за поддршка на локалните компании од 340 на само 220 милиони денари.
Од СДСМ велат дека наспроти ова, зголемени се парите за поддршка на странски компании.
„Оваа политика на запоставување на локалните компании и фаворизирање на странски ги става работниците во РСМ во зависна положба, носи економска нееднаквост и ниски плати. За компаниите кои вработуваат 80 отсто од сите вработени во државата, владата на Мицкоски обезбедува помалку пари, додека оние кои повеќе профитираат во странство. Ова не е фер пристап кон локалните фирми и кон работниците во овие фирми“, велат од СДСМ.