Од СДСМ обвинија дека додека граѓаните се соочуваат со економски проблеми и ниски приходи, државата повторно се обидува да продаде дел од запленетиот имот на поранешниот премиер Никола Груевски.
Партијата наведува дека станува збор за станови и имоти вредни неколку милиони евра, додека пак, според нив, Груевски има многу поголем имот и имот во странство.
„Додека граѓаните се дават во долгови и се соочуваат со минимална плата од 400 евра, државата повторно се обидува да продаде дел од запленетиот имот на Никола Груевски – човекот кој избега во Унгарија и таму продолжува да живее во луксуз, наместо да ја отслужува казната во Идризово. Вака изгледа кога на власт е криминална организација. Се продаваат станови и имоти вредни неколку милиони евра, додека Груевски и неговото семејство имаат имот и средства вредни над 2 милијарди евра. Организираната криминална група ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски како нејзин лидер и денес го слават Груевски. Тие не бараат негова екстрадиција, ниту ја осудуваат неговата политика на страв и системска кражба на државата. Со месеци нема одговор на прашањето дали документите за негова екстрадиција се испратени. Наместо тоа, Мицкоски продолжува по стапките на својот ментор – носи скапи часовници, купува владини авиони и ја зачувува културата на неповредливост и лично богатење на грбот на граѓаните. Се сеќаваме на Мерцедесот вреден 650.000 евра, на очилата вредни 60.000 евра и на луксузот со кој патуваше Груевски. Денес го гледаме истото со…“ Мицкоски, само во понова и поагресивна верзија. Ова не е минато. Ова е сегашноста на ВМРО-ДПМНЕ. Додека народот се бори за опстанок, криминалците од минатото и нивните наследници продолжуваат слободно да се движат. Имотот на Груевки во Македонија е само мала работа. Вистинската сума од над две милијарди евра е во странство. Наместо да го екстрадира Груевки и да го повика на одговорност за изгубените години на цела генерација граѓани, конфискувајќи го тој имот и тие пари, Владата продава само неколку станови. Вака изгледа правдата со Мицкоски и неговата банда. Народот не заборава. И не простува. Времето за одговорност наскоро доаѓа. Времето за правда наскоро доаѓа. „Наскоро државата повторно ќе им припадне на граѓаните. Фронтот на вистината и правдата ќе се погрижи не само Груевки да биде повикан на одговорност, туку и сите негови ученици и наследници на неговото дело“, се вели во соопштението на СДСМ.
The post СДСМ: Државата ги стави на продажба имотите на Груевски, но тој ужива во луксуз во странство и не е изведен пред лицето на правдата appeared first on Во Центар.



