четврток, 12 ноември 2026
Најново

СДСМ: Зошто Мицкоски не ги бранел државните интереси во ЕПП и дозволи Резолуција со ставовите на Бугарија?

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

СДСМ со соопштение за јавноста праша зошто лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски не ги бранел државните интереси.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Европската народна партија (ЕПП) на Конгресот усвои резолуција со која го поддржува отворањето на преговорите со ЕУ но истовремено ги поддржува ставовите на Бугарија
Европска народна партија

„Европската народна партија (ЕПП) на Конгресот усвои резолуција со која го поддржува отворањето на преговорите со ЕУ но истовремено ги поддржува ставовите на Бугарија.

Таков е делот од усвоената резолуција во којшто се наведува дека Северна Македонија не ги почнала преговорите со ЕУ затоа што „не беа постигнати опипливи резултати во однос на спроведувањето на билатералните договори со Бугарија.“

Оваа формулација е директна поткрепа на ставовите на Бугарија.

Што правел Христијан Мицкоски додека се зборувало за овој дел од Резолуцијата?

Зошто Мицкоски не ги бранел државните ставови на нашата земја на Конгресот на ЕПП на којшто и самиот присуствувал?

Ова е потопување на државните и национални интереси и тоа директно од Христијан Мицкоски.

Очекуваме лажниот патриот Христијан Мицкоски да излезе пред граѓаните да ги објасни овие негови позиции“, – пишува во соопштението на СДСМ

Поврзани вести