СДСМ има фаворит градоначалник за локалните избори

Архитектот Мишко Ралев е најпосакуван избор за кандидат на градоначалник на Скопје во редовите на СДСМ за есенските локални избори, објави ТВ 24.
Ралев е декан на факултетот за архитектура и дизајн при Универзитет Американ Колеџ Скопје и претседател на Асоцијацијата на архитекти на Македонија (ААМ). Во времето на Димитар Ковачевски како партиски лидер, членуваше во Извршниот одбор на СДСМ.
Според информациите, СДСМ повторно ќе ги кандидира актуелните градоначалници – Горан Герасимовски во Центар, Томе Христовски во Крушево, Сашко Митовски во Крива Паланка и Сашко Комненовиќ во Чучер Сандево, а како стојат резултатите од анкетите, поддршка ќе добие Костадин Костадинов во Струмица.
Од СДСМ за телевизијата соопштиле дека општинските опрганизации напартијата доставиле предлог-имиња чиј рејтинг допрва ќе се мери на анкети.
The post СДСМ има фаворит градоначалник за локалните избори appeared first on 365.mk.

Пронајдете не на следниве мрежи: