среда, 11 ноември 2026
Најново

СДСМ: Кочоска призна дека во буџетот нема пари, ќе има ли за плати и пензии?

Министерката за финансии Кочоска го потврди она што СДСМ го зборува изминатиот период – во буџетот нема пари. Целокупниот буџетски дефицит планиран за цела година е веќе потрошен за само 6 месеци. Со ребалансот, како што најави Кочовска владата уште повеќе ќе го зголемува дефицитот. Ова е потврда на се што СДСМ говори. Ветуваа намелен буџетски дефицит, а го продлабочија уште на средина на годината, реагираат од СДСМ.

„Ова е врв на финансиска и фискална неодговорност, за што цената ќе ја платат граѓаните. Буџетот го претворија во приватна каса за своите криминални тендери. Продблачочувањето на дефицитот значи само едно – следуваат нови задолжувања кои ќе ги враќаат граѓаните преку повисоки камати, даноци, поскапи услуги. Ветуваа дека ќе го намалат јавниот долгот, а наместо тоа за две години го зголемија за над 2,5 милијарди,  со што нивото на јавниот долг достигна скоро 11 милијарди евра“, велат од опозициската партија.

Пулс24.мк - 14 години

Од таму обвинуваат дека парите не завршиле во повисоки плати или мерки, туку во криминални тендери.

„Вистината  е дека овие пари не отидоа ниту за повисоки плати, ниту за мерки за граѓаните, ниту за компаниите, ниту за капитални инвестиции –  завршија  во криминалните партиски тендери на криминалната ВМРО. По две години, по сите триумфалистички изјави на ВМРО за наводен економски раст и успешни економски политики, денес вистината сите ја гледаат и чувствуваат. Со Мицкоски и ВМРО економијата оди кон пропаст“, стои во соопштението на СДСМ.

Пронајдете не на следниве мрежи: