четврток, 12 ноември 2026
Најново

СДСМ: Мицкоски кој не пробал цреши, фрла илјадници евра на лајкови

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Премиерот Христијан Мицкоски кој јавно вели дека не пробал цреши, месечно троши илјадници евра за реклами на Фејсбук, велат од СДСМ.  

„Додека луѓето едвај врзуваат крај со крај поради огромните поскапувања, додека нема пари за поголема минимална плата и додека луѓе умираат бидејќи нема лекови Мицкоски фрла илјадници евра за лајкови.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Само една реклама на профилот на Мицкоски чини 600 евра, многу повеќе од минимална плата. 

Тоа што Мицкоски ги убедува граѓаните дека им е доволно за цел месец го троши на Фејсбук за неколку дена. Каков безoбразлук, какво лицемерие.

Да се фрлаат илјадници евра за реклми на Фејсбук покажува дека на оваа власт не и се важни граѓаните.

За Мицкоски поважно е да фрла илјадници евра за лајкови, да се слика и да се снима, а за граѓаните баш му е гајле, нека се мачат како ќе го поминат месецот.“, велат од СДСМ.

Поврзани вести