четврток, 12 ноември 2026
Најново

СДСМ: На родителите во Кочани им е потребна поддршка од Владата, не навреди

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Апелираме до Владата да им помогне на родителите од Кочани во остварување на нивните барања, а ако не може барем да не им одмага и со навреди да не им фрла сол на раната.

На тие луѓе им е потребна поддршка и разбирање. Ние политичарите сме должни тоа да го разбереме, да ги прифатиме сите критики и да дадеме се од себе да помогнеме.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Владата итно да престане да се расправа и да се докажува со родителите кои се наоѓаат во состојба на силна болка и тага.

Родителите кои мирно маршираат на улиците на Кочани Влада не смее политички да ги етикетира и со нив да влегува во дневнополитички препукувања.

Факт е дека Владата не се справува добро со барањата, финансиска поддршка нема, условите за лекување се многу лоши а сите мерки на Владата повеќе наликуваат на ПР потези отколку искрена и недвосмислена желба за помош.

Поврзани вести